Дино и Благица се талентирани,паметни и креативни луѓе.Имаат попреченост но не се чувствуваат изолирани благодарение на нивните згрижувачи.
„Свирам,глумам играм. 13 претстави до сега“, вели Дино лице со попреченост.
„Мојата желба е да згрижам утре деца да помогнам што немаат родители да бидат на топол дом и да имаат покрив над главата“, вели Благица Димова лице со попреченост.
Дел од нив ги раскажаа нивните приказни за Телма, но упатија и апел за сите граѓани кој имаат кревет плус да ги згрижат и да им помогнат на овие лица.
„Пред 15 години на седум месечна возраст згриживме девојче кое сега има 15 години. Инаку Бајрамша е дел од нашето семејство и ние не може да си го замислиме секојдневието беа неа“, вели Јејла Шабановска специјализиран згрижувач.
„20 години или 1/3 од мојот животен век го посветив на две девојки кои ни го збогатија животот и семејството ни го проширија за еве 20 години скоро. Убаво е да се биде згрижувач треба голема посветеност, голема пожртвуваност. Сакам да им порачам, да ги охрабрам сите граѓани сите кои што имаат еден кревет плус, кои што имаат големо срце и топол дом да ги отворат вратите да пружат рака да станат згрижувач да згрижат лице особено со ограничени можности затоа што нив најмногу им требаме“, вели Марика Аврамова специјализира згрижувач.
Државата има седум згрижувачки семејства од СОС Детското село. Денеска добија плакети од надлежните кои пак се надеваат дека оваа бројка до година ќе се зголеми.
„Да повикам сите заинтересирани згрижувачи или потенцијални граѓани кои што сакаат да се занимаваат со згрижување да се обратат во нашиот центар за поддршка бидејќи во држвата се сеуште потребни голем број на специјализирани згрижувачки семејства, семејства кои што во својот дом ќе ги згрижат деца со попреченост или пак возрасни лица со попреченост“, вели Александра Ивановски раководителка на центарот за поддршка на згрижувачки семејства СОС детско село.
„На сите деца им е потребен топол дом и љубов, а заедно здружени верувам дека можеме да создадеме свет каде што ниту едно дете нема да остане запоставено“, вели Наде Качакова директорка на СОС ДЕТСКО СЕЛО.
Под мотото подај рака и промени живот. Стани згрижувач во Скопје се одбележа трети декември меѓународен ден на лицата со попреченост. Глобалната статистика говори дека околу 1 милијарда луѓе, односно 15 проценти од вкупната светска популација живее со некаков вид на попреченост, велат надлежните.
Симона Петровска