Вести Македонија Најважни

Фајон: Годинава е исклучително важна за проширувањето, политичките чинители да вложат напор за уставните промени

Годинава е исклучително важна за проширувањето. Ги повикувам сите политички актери, одговорни актери, политички партии да вложат напор за уставните промени пред се’ во интерес на граѓаните. Тоа е одговорност кон луѓето, и сега е нужно итно државата да напредува и геостратешка можност e до крајот на 2030 година да направиме скок, да ја поврземе Европа и Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, вели словенечката вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања Тања Фајон во интервју за МИА.

„Вистина е дека, државата загуби многу драгоцено време и жал ми е бидејќи патот на Северна Македонија би бил побрз кога не би биле, како што споменавте внатре политичките интереси на Бугарија, претходно и Грција, што значи дека патот на Северна Македонија е трнлив и пред се’ болен. Уставните промени се клучни пред се’ за еден оптимизам и поддршка на политиката и разбирање на граѓаните дека се работи за една заедничка европска иднина, која ќе обезбеди мир, безбедност и достоинство во животот на вашите граѓани, вели Фајон.

Шефицата на словенечката дипломатија вели дека е клучно Северна Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција да ги отворат и започнат конкретно преговорите.

„Не сакам да зборувам за одвојување на двете држави, останувам силно посветена на тоа, дека Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите, децидна е Фајон.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе