Да седнат на иста маса и да не се уценуваат. Примерот со оптимизам дека во понеделник ќе има успешна лидерска средба. Плус од ова, СДСМ не се откажува од точката евроинтеграции, а ВМРО ДПМНЕ – укинувањето на техничката Влада, за што Ковачевски не одговори потврдно.
Очекувањата на премирот се дека од средбата ќе произлезе точниот датум за изборите, потврден од законските можности за спојување на парламентарните и претседателските избори, а во периодот кога верниците нема да празнуваат.
Ковачевски се надоврза на зборовите на американскиот државен секретар Џејмс Обрајен дека од Мицковски лидерот а ВМРО- ДПМНЕ не би купил ниту половен автомобил во насока дека опозицијата не соработува ниту испорачува за граѓаните.
Не останаа покуси ниту од ВМРО -ДПМНЕ на спроедбите на премиерот дека коалта за која зборува нема гориво затоа што априте се потроешни на тендери и слеани во приватни џебови.
„Тоа што Ковачевски не се откажува од техничката влада значи дека ДУИ му забрани да се откаже од идејата оваа техничка влада да има премиер од криминализираната ДУИ и е потврда дека всушност и со оваа влада управува ДУИ со подизведувач СДС.Наредната изјава барем Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ,“ се наведува во соопштението на партијата
Уште на почетокот на овој мандат, СДСМ и ДУИ се договорија технички премиер да биде Албанец. Имаат намера тоа да го реализираат на крајот на јануари, откако Ковачевски ќе поднесе оставка. 100-те дена ќе изминат до 8-ми мај, кога најверојатно ќе се одржат парламентарни и втор круг претседателски избори. Според написите на медиумот 360 степени, неофицијално се споменува името на спикерот Талта Џафери за технички премиер, а координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски да биде избран за претседател на собранието во тој период.
Павле Беловски