Вести Македонија

Нов протест на КСОМ со барање за повисоки плати

Со свиреж за последен апел до надлежните- повисоки плати за достоинствен живот и подобри услови за работа. Денеска на протест излегоа вработени во здравство, полиција и други државни институции револтирани од пред владата ги кажаа проблемите и истакнаа дека државата во скоро време ќе остане без работници.

„Како не ви е срам вие да имате пари да јадете да пиете да се лекувате по приватни болници а да го оставите народот што цел живот плаќал во фзом пари да немаа каде да се лекува и да нема кој да го лекува. Сакам да им порачам и на граѓаните да не се надеваат дека јас имам познаник јас имам врска јас ќе завршам работа во болница, не никој нема да завршите. Зошто, зошто нема да имате кај кого да се обратите таму, и сега знаете ама се плашите да го кажете тоа јавно“, порача Кристина Олевска  претставник од „8ми септември“.

„Нашите приоритетни барања до надлежниве институции се: подобрување на катастрофалните и мизерни услови за работа на затворската полиција и сите службени лица што работат во затворите, зголемување на безбедноста во затворите и конечно донесување на новиот предлог закон за извршување на санкции кои што апелираме да биде донесен со новиот буџет за 2024 година“.

Со марш од пред канцелариите на КСОМ до илинденска бр 2 синдикалните работници го кренаа гласот. Со свирежи и развиорени знамиња ги повторија нивните барања измена на законот за работни односи, нов колективен договор и покачување на платите, рече Александар Спасовски Независен синдикат на затворска полиција и администрација.

Синдикалците не се откажуваат од нивните барања и порачаа дека ќе продолжат со протести се додека не добијат достоинствен живот.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе