Електро-машински инжињери, матетматичари, физичари, хемичари се незаинтересирани за наставничката професија. Причината за ваквата состојба во образованието, во кое на нивни места се ангажира и несоодветен кадар се ниските плати и непочитувањето од страна на родителите и учениците. Според анализите најголем недостаток има по предметите математика, физика и хемија, но се почесто, училиштата немаат и натавници или професори по историја и географија. Универзитетските професори сметаат дека освен факултетското мора да се применуваaт и други форми за професионално доусовршување на наставниците од сродните дисциплини.
Но проблемот не ги засега само македонските, туку и училиштата во цела Европа.Бројот на студенти кои се запишуваат на Факултетите по информатика и математика расте, но најголем дел од нив заради повисоките плати заминуваат во реалниот сектор.
Во решавањето на проблемот работи штипскиот Универзитет, кој е дел од акредитираната меѓународната програма за постфакултетско образование на наставниците. Што се однесува за проблемот кој го имаат учениците со математиката во нашата земја, но и во останатите земји од ЕУ, овој тим на професори работи како наставниците оваа наука да ја поврзат со реалниот живот и да биде полесна за учениците.
Викторија Димитрова Јованова