Македонија

Остра реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција за изборот на нов состав на ДКСК

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ги осудува партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Од таму велат дека ка поддржуваат Снежана Камиловска Трповска, која како член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Антикорупциска, изрази  издвоено мислење поради необјективно и оркестрирано гласање на останатите членови на Комисијата.

-Изненадува како останатите претставници на Комисијата за селекција изнајдоа компромис за селектираните кандидати и покрај слабите интервју, одбивање на кандидати да одговорат на директни прашања за општествени состојби како процесот на заробеност на државата, високо профилни случаи кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската Комисија за 2023 год, прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање и сл. Дополнително, кандидати кои манифестираа одлични познавања од областа, спремност за директен и недвосмсилен одговор и со одлични компетенции не беа добро оценети од страна на другите членови со што им се оневозможи објективно да се борат за позицијата претседател и член на ДКСК, стои во реакцијата на Платформата

Платформата на граѓански организации за борба против корупција цени дека партиските влијанија врз изборот на претседател и членови на ДКСК, негативно ќе влијаат врз објективноста и непристрасноста на Комисијата во спроведување на сериозните законски надлежности коишто ги има, како еден од главните чинители во борбата против корупција во земјата.

Комисијата ги предложи ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во Антикорупциска Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова-Медарска и Сервет Демири од Ревизорското тело за европската претпристапна помош за кандидати за новиот состав на Антикорупциска. Предлог листата со предложемните кандидати утре е пред матичната комисија за зибори и именувања а конечната одлука се носи на пленарна седница.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе