Организацијата за европска безбедност и соработка денеска е во лоша состојба, изгледите се нејасни, изјави шефот на руската дипломатија на пленарната седница на ОБСЕ во Скопје. Тој потсети дека организацијата била уништена во 1999 година.
- „Земјите од НАТО и ЕУ ја уништија воено-политичката димензија на ОБСЕ. Во 1999 година, НАТО изврши нескриена, брутална агресија врз Југославија, членка на ОБСЕ и ОН. И во 2008 година, кршејќи ја резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и принципот на неповредливост на границите во Европа од завршниот акт на Хелсинки, на Србија и беше одземено Косово без никаков референдум“, посочи Лавров.
Тој потсети дека за нешто повеќе од една година Хелсиншкиот завршен акт ќе наполни 50 години.
„Во тој поглед, со жалење можеме да кажеме дека ОБСЕ ја дочекува оваа годишнина во жална состојба, а нејзините перспективи се нејасни“, рече рускиот министер.
Тој се осврна и на санкциите што Западот и ги воведе на Русија во неверојатни размери. Во обид да ја урнат руската економија, САД и нивните европски сателити воведоа илјадници санкции кон Русија, ставајќи крај на широката практична соработка меѓу Истокот и Западот во нашиот некогаш заеднички регион“, рече тој.
Тој посочи дека Молдавија е следната жртва во хибридната војна на Западот против Русија.