Две клучни сообраќајници во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај, поради 30-от министерски совет на ОБСЕ кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“. Една од нив е „Илинденска“ од потегот кај Влада до Сити Мол, а втората е булеварот „8 септември“ од „Партизанска“ до кружниот тек кај Момин поток.
Министерскиот Совет на ОБСЕ го измени и возниот ред на автобусите на ЈСП на неколку траси, додека дел ќе сообраќаат по вообичаените. Од ЈСП Скопје и информацијата дека нема да работи ниту една билетарница во градот, додека Жичницата на Водно ќе работи од 10 до 17 часот.
Од ЈСП со соопштение за граѓаните дека
Линиите 8 и 15А
од мостот „Гоце Делчев“, наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.
Линиите 7, 15, 19, 26, 29 и 59
наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“
Линии 18, 21А и 118
од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.
Посочениот режим за овие линии ќе важи и во двете насоки на движење.
Освен државната и јавната администрација за која денешниот ден е неработен за одлука на Влада, настава ќе нема ниту во основните и средните училишта на подрачјето на главниот град. Но, таа одлука на Влада не важи за здравствените установи, Итната помош, како и противпожарната бригада.
Тамара Марковска