Вести Македонија

ЕСП: Борбата за разрешување на Адеми е со цел да се врати Груевски и да има негова целосна амнестија

Борбата за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми е со цел да се врати Груевски и да има негова целосна амнестија а зад кампањата за нејзино разрешување стојат ДУИ и Судскиот совет реагираат од Европскиот сојуз за промена. Според  сојузот на трите опозициски партии на Албанците, стратегијата за компромитирање на  Адеми е произведена во како што велат Министерството за пропаганда предводена од Артан Груби, додека кампањата се спроведува преку фантом-порталите со седиште во истото министерство.

  • Денешните предупредувања за разрешувањето на г-ѓата Адеми од позицијата претседател на Суд, потврдуваат дека Европскиот сојуз за промена  биле во право – дека политичкиот притисок се води од Влада до Врховен суд, како последна пречка за враќањето на Груевски. Сме имале право кога прашавме дали се подготвува враќањето на Груевски со помош на ДУИ, сме имале право кога алармиравме за политичкиот притисок на ДУИ кон Беса Адеми, пишува во соопштението од Европски сојуз за промена.

Од Судски совет не ги коментираат ниту ги негираат информациите дека член на советот, Миљазим Мустафа иницирал постапка за утврдување одговорност за Адеми.  Ова следува откако претседатeлката на највисoкиот суд во интервју говореше за мешање на политиката во судството , во период кога се погласно се зборуваше дека има влијанија за оживување на аболициите на екс претседатeлот Иванов.

Потоа, таа ја одби поканата да дојде Судскиот совет на состанок а од таму најавија дека ќе породолжат да ги проверуват тврдењета на Адеми. Уште во октомври посетата на американската амбасадорка во Врховниот суд беше протолкувана како повик за помош од надворешните притисоци. По посетата, од Врховен се огласија со соопштение во кое стоеше дека судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе