Вести Македонија Топ вести

Приведено лице од Мала Речица, два часа претходно поставило знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка

Доцна синоќа приведено е едно лице поврзано со инцидентот во црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка.

Според информациите од МВР лицето прво го симнало знамето на МПЦ – ОА од јарболот на црковниот имот, а на негово место поставил знаме на Албанија… Извршителот на делото е пронајден и префрлен во Полициска станица во Тетово… Инцидентот околу 18 часот бил пријавен од страна на едно од свештените лица… Настанот бил евидентитан и преку камери за видео надзор… Претседателот на Комисијата за односи меѓу религиите Даријан Сотировски испрати најостра осуда а настанот го окарактеризира како вандалскиот упад во манастирот…

МВР соопштение

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе