Вести Македонија Најважни

Ковачевски бара лидерска на три теми – европскиот гостин Борел потести дека е време за уставните измени

Премиерот со барање и очекување за лидерска срдба во понеделник, високиот претставник на европската унија Жозеп Борел со потсетување дека патот кон ЕУ е условен од уставните измени. Европската иднина на земјата тема на денешната прес-конференција на првиот ден од министерскиот совет на ОБСЕ на кој домаќин е земјата. Деталите од прилогот на Павле Беловски.

Премиерот Димитар Ковачевски фрла ракавица кон политичките опоненти. Бара и очекува и лидерска средба во понеделник на три теми. Евроинтеграциите, изборите и изборниот законик на маса. Поканата утре ќе ја добијат сите политички партии, и претседателот на собранието, а иницијативата доаѓа на денешната средба Ковачевски со потпретседателот на европската унија Жозеп Борел.

  • „Утре ќе биде испратена покана за лидерска средба. Која ќе биде закажана за понеделник и ќе се разговара за евроатланските интеграции на земјата, за одржување на редовни претседателски и парламентарни избори и за измените на Изборниот законик“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Високиот претставник на унијата за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел од пултот до Ковачевски на пресконференцијата откри  дека скрининг процесот набрзо ќе заврши и дека тој сака да им честита на државните службеници и на целата администрација на Северна Македонија. Но, посилната порака од унијата која ја носи Борел е дека ако Македонија сака да оди на патот кон ЕУ мора да ги заврши уставните измени. Недозволиви се меѓупартиски препукувања порача Борел.

  • „Одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над меѓупартиските превирања. Тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа. Тоа е нешто што и треба да земјата. Со цел да напредувате во пристапните преговори ќе биде од клучно значење да постои соработка да се избегне политичката поделеност и да се слуша ЕУ. Не треба да постои политичка поделеност по прашањето за ЕУ. Ако сакате да одите по патот на ЕУ, тогаш мора да го завршите процесот за усвојување на уставните измени и да бапредувате во клучните реформи“, истакна  Жосеп Борел.

Ковачевски со реплика и ветување до гостинот – развојниот план бара продолжување на реформските процеси кои се поред нас за кои имаме и политичка волја и капацитет да ги исполниме, порача Ковачевски. Останува неизвесно дали Македонија ќе се најде како точка на декемврискиот самит на ЕУ без уставните измени, со оглед дека до сега. политичките сили во земјава не се договорија за вметнување на бугарското малцинство во Уставот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе