Ова е заедничката фотографија на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ кои вечерва дојдоа во Скопје на неформална вечера за да дискутираат за руската воена агресија врз Украина и потребата Огранизацијата за функционира во време на конфликти.
На, фотографијата го нема рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров.
Според најавите треба да пристигне по 22 часот вечерва, но неговото доаѓање веќе предизвика револт кај други членки на ОБСЕ. Балтичките земји и Украина не ги испратија министрите за надворешни работи, туку свои делегации. Истото го стори и Полска. Сметаат дека со присуството на состанокот ОБСЕ, Лавров ќе има можност да ја шири руската пропаганда.
Пред него во Скопје пристигна американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни Бујар Османи.
- Јас морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ во како што и самите рековте многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. Знам дека бевте подготвени да продолжите но мило мие што Малта би ја преземе палката. Имаме стратешко партнерство кое навистина е фокусирано на работата која ја вршиме заедно како сојузници и партнери но исто така и работата која што заеднички ја вршиме на билатерално ниво- Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Блинкен нема да се сретне со Лавров. Заминува вечерва, уште пред Лавров да слета во Скопје.
Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел кој беше на неформалната вечера на министрите, рече дека доаѓањето на Лавров е добра прилика за него за да слушне зошто Русија е осудена и изолирана.
- Вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив. Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него за чуе зошто Русија е осудена и изолирана и потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети во осудувањето на незаконско и агресивното однесување на Русија- Жзоеп Борел, висок претставник за надворешна политика на ЕУ.
А, токму Русија ја блокираше кандидатурата на Естонија за иден претседавач на ОБСЕ, па во последен момент, пред два дена во Виена, на амбасадорско ниво беше постигнат консензус, Малта да претседава со ОБСЕ идната година. Тоа што министрите од Балтикот и од Украина нема да присуствуваат на Самитот нема да ја блокира верификацијата на Малта како иден претседавач, вели министерот Османи.
На министерскиот состанок присуствуваат 76 делегации од земјите-членки и партнери на ОБСЕ. Македонија изминатава година претседаваше со Организацијата под слоганот За луѓето се работи со фокус н хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност, и војната во Украина.
Марија Дивитарова