Вести Македонија

Вработените од Еуроникел почнуваат со секојдневна блокада на патот Кавадарци – Градско

Вработените од Еуроникел  од денес од 12:30 до 14:30 почнуваат со секојдневна блокада на патот Кавадарци – Градско.

Велат бараат спас на работните места и егзистенцијата на околу 800 вработени. Бараат фабриката или да ја преземе нов работодаљвач или работодавачот кој во моментов е и сопственик да продолжи со работа.

  • “Вработените во ЕуроНикел индустри веќе втора недела протестираат и го блокираат патот пред компанијата. За жал вработените повеќе грижа водат за компанијата која гo полнеше државниот буџет, како даноците што се слеваа во државната каса, така и буџетот на газдите кои го ствараа со нивниот капитал од трудот на работниците. Работниците се борат да опстои компанијата, да не се изгаси печката. Доколку се изгаси печката значи крај за 800 таму и нивните семејства во Кавадарци, што ќе биде навистина голем удар не само за семејствата на работниците, туку и за целиот регион. Вработените во ЕуроНикел индустри заедно со Синдикатот се обидуваат, иако нив тоа не им е работа да изнајдат решение, да изнајдат можност компанијата да продолжи со работа. Да ја превземе или нов работодавач или работодавачот кој во моментов е сопственик на компанијата да продолжи со работа. Меѓутоа жално е тоа што во Македонија во 2023 година, повторно ни се случуваат вакви состојби каде што работниците ќе ги загубат своите работни места поради гасење на едни од најкултните капацитети во државата.“ – изјави за Телма, Слободан Трендафилов претседател на ССМ.

Во изминатиот период Телма информираше дека е независно дали ЕуроНикел- Кавадарци ќе успее да опстане и да продолжи со работа како и до сега. Станува збор за внатрешен судир меѓу две фирми, сопственикот на комбинатот и добавувачот па затоа повеќе од две недели складиштата со руда се празни и нема никакво производство изјавуваат претставниците на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Повеќе од 800 вработени, возачи и добавувачи се во исчекување на своите плати.

Дали е обезбедена струја за пуштање на печките се’ уште не се знае, па поради тоа се стравува од нивно гасење. Со што испораката на електрична енергија може да престане.

Легурата која се произведува во Комбинатот во Кавадарци се пласира на пазарот во Кина, а Комбинатот учествува со пет отсто во државниот БДП. Затоа од Синдикатот бараат надлежните институции во државата да не дозволат негово затварање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двомесечен прекин на огнот како преодна фаза кон траен мир во Газа – Нетанјаху на средба со Трамп во Вашингтон

Дејан Дејан

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе