Соларните панели не треба да се поставуваат врз обработливо земјиште, порачуваат од Македонската соларна асоцијација. Оваа пракса која е сè почеста во струмичкиот регион, сериозно го намалува процентот на обработлива површина. Од асоцијацијата порачуваат дека ова е една од клучните работи за кои мора да се води сметка, освен за квалитетот на соларните системи што се поставуваат.
Енергијата од обновливи извори е важна и може да се користи и за подобро и поквалитетно земјоделско производство. Од тераписката заедница „Покров“ каде се произведува органска храна која е дел од работна терапија на лицата кои се лекуваат од зависности велат дека размислуваат да постават соларни системи за пластениците.
Последниве неколку години во Струмица масовно се откупува обработливо земјиште од земјоделците и се создаваат огрномни површини кои прераснуваат во соларни фарми. Засега нема посериозни реакции што нивите на кои до вчера имало зеленчук сега се покриени со соларни панели.
Сузана Мицева