Вести Македонија

Сè повеќе млади се анксиозни – училишните психолози со полни раце работа

Насилството е исклучително присутно меѓу младите, често и секојдневно. Но, она што загрижува е и што не го препознаваат. Жртвите тагуваат и се повлекуваат во себе. Токму поради насилството кое го трпат од некои нивни врсници не сакаат да одат на училиште или, пак, бираат да се соочат и нападнат, покажува искуството и праксата на психолозите во училиштата. Гордана Блажевска-Спиридонова од скопската гимназија „Никола Карев“ вели дека клучна улога имаат возрасните.

Блажевска-Спиридонова е на став дека токму поради ова мора да се работи на информативната и психолошката компетентност и писменост кај младите за да го препознаваат насилството, но и како да си дадат поддршка на себе или на нивните другарчиња кои трпат насилство. На социјалните мрежи се објауваат и видео клипови на насилство меѓу младите, дел од нив влегоа и во крими билтените на МВР. Истражувањата на ХЕРА покажаа дека посебно на удар на насилството се младите на возраст од 15 до 18 години, а половина од девојчињата и третина од момчињата се соочуваат со психосоматски симптоми.

Експертската јавноста смета дека мора да се говори гласно за менталното здравје на младите, со цел да се  отвори дијалог на оваа тема, како и за сексуалното и репродуктивното здравје. Организацијата ХЕРА тоа го прави преку панел дискусиите низ градовите во земјава во кои ги вклучуваат младите, наставниците, но и сите институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе