Вести Македонија

Накратко евакуиран „Ист Гејт“ – се запали возило во гаражата, обезбедувањето го изгасна огнот, молот продолжи нормално да работи

Нова евакуација на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“. Активиран бил алармниот систем за евакуација, а на посетителите и на вработените им било наложено да го напуштат објактот поради појава на чад, која најверојатно е предизвикана од автомобил кој се запалил подземните паркинзи во трговскиот ценатар.

Од МВР соопштија дека нешто пред 14 часот се огласиле противпожарните аларми, при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и било утврдено дека станува збор за запалено возило „рено лагуна” во подземниот паркинг.

Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето. По евакуацијата се огласија од Трговскиот центар од каде велат дека ситуацијата е безбедна и тој ќе продолжи да работи со регуларно работно време.

Сè повеќе млади се анксиозни – училишните психолози со полни раце работа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе