Вести Македонија

Министерот Спасовски се сомнева дека лажната дојава за украдено бебе е политички мотивирана

Со лажни вести од политчки или други мотиви, посебно пред избори има обиди да се девалвираат институциите и одредени личности, но се нанесува штета на државата, вели министерот Спасовски, за вчерашната лажна вест дека на Детската клиника во Скопје исчезна бебе. Тој потсети дека и во претходните изборни циклуси се отвораа теми за мигранти, за грабнување на деца и други активности  кои предизвикуваат страв кај граѓаните.

„Кога доаѓа време за избори, во Северна Македонија ни с случуваат вакви работи мотивирани од одредени  структури и личности. Не мора да се само политички мотивации, може да се и од други аспекти“, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.  

МВР во координација со обвинителството, вчера го расчисти случајот со исчезнатото дете, а  по сите преземени мерки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а жената со иницијали Л.А кој го пријави настанот, е лишена од слобода

„Се направија проверки на Клиниката за гинекологија и акушерство, се направи проверка на Детската клиника и кај матичниот гинеколог на пријавителот. Се утврди дека е лажна вест лицето е приведeно и ќе понесе одговорност. Апелирам со вакви работи кои предизвикуваат немир, неспокој кај граѓаните, да не се служиме бидејќи ќе има жестока реакција од институциите“, вели Спасовски.

Информацијата дека исчезна 5 месечно  бебе од Клиниката за детски болести ја пренесоа некои медиумите откако за случајот се пишуваше и  на социјалните мрежи. Сепак, Спасовски смета дека извор на ваквите лажни вести не се медиумите.

„Ова не е работа што ја шират медиумите и медиумските работници, туку социјални мрежи, политичари, политичките партии и од секој можен аспект гледаат како да направте некаква штета“, рече Спасовски.

Минатата недела, обвинителството поведе постапка против 20-годишен скопјанец кој лажно пријави грабнување на малолетничка. Признал дека го измилсил настанот водејќи се од лажни објави кои се споделуваат на социјалните мрежи за наводни киднапери.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе