Вести Македонија

Зошто зачестија пожарите во тетовско – одговорите ќе се бараат со инспекции во индустриските капацитети

Трет ден чади и догорува сѐ што беше дел од магацинот на фирмата „Евроком“, во тетовско Фалише. Пожарникарите сега завршуваат со своето, а на потег се другите институции.

Јавното обвинителство – Тетово ќе ги истражува околностите за целиот случај. До денес, увидните екипи немаа услови да одат на терен. Викендов ќе се собираат докази кои потоа ќе треба да се вештачат за да дадат целосна слика за силниот пожар кој избувна пред два дена, велат извори од обвинителството за Телма.

Ова е трет ваков пожар во Тетово и тоа во краток временски период. Ова е реален проблем за целиот полошки регион, смета градоначалникот Касами.

За конкретниот случај се сомнева дали воопшто се почитувале стандардите за безбедност на градбите, а не само дали објектот бил соодветно опремен со инсталации за противпожарна заштита.

„И во случајот тие не се почитуваат. Треба да се провери како се даваат дозволите. Но, исто така ние како општина ќе ги преземеме сите наши надлежности што ги имаме за да провериме во сите индустриски капацитети и јавни објекти кај кои има ризик од пожар со вакви размери, за да видиме дали ги исполнуваат условите“ изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Дел од стручните лица веќе оценија дека пожарот во магацинот е причина за загриженост и може да се третира како хемиска катастрофа. Но, не од аспект на почва, туку заради аерозагадувањето.

Командирот на тетовската пожарна откри дека во објектот гореле бои, лакови, плински боци и други хемиски средства. Првиот ден имало и експлозии, што дополнително ја отежни работата на пожарникарите.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе