Вести Македонија Најважни

Во Струга во тек е голема полициска акција се уапсат криминалци поврзани со трговија со дрога и оружје

Во Струга во тек е голема полициска акција, во која се уапсени неколкумина криминалци поврзани со трговија со дрога и оружје.

МВР засега не соопштува повеќе детали.

Како што се дознава од терен, низ струшките улици забележително е големо присуство на припадници на специјалните единици на полицијата.

Она што засега се пренесува е дека веќе се уапсени 20-тина криминалци.

Сепак, официјалните информации од МВР ќе бидат објавени во текот на денот.

Неофицијално се шпекулира дека се апсат лица поврзани со трговија со дрога и оружје.

Наводно на терен се припадници на специјалната единица „Тигри“,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе