Вести Македонија

Владата одобри 14 милиони евра за купување на Трикафта

Владата на денешната седница донесе одлука за набавка на лекот Трикафта за болните од цистична фиброза, во вкупна вредост од речиси 14 милиони евра. Се работи за лек, одобрен од Европската медицинска агенција,  а ефектот од  терапијата според Министерството за здравство е брз и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со оваа болест,  на возраст од над 6 години.

Овие пари ќе гарантираат пациентите кои веќе го примаат лекот, дека терапијата ќе продолжи и во наредните две години, а доколку останат пари ќе се набави Трикафта и за нови пациенти.

Министерството за здравство има обврска и да достави предлог програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза за 2024 година.

Во земјава со оваа болест живеат над 130 лица. Минатата година болните од цистична фиброза,  беа на протести пред Министерството за здравство и ја побараа потребната терапија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе