Вести Македонија

Се договараат пролетни избори и Изборен законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР

Пролетни избори во еден циклус и договор за Изборен законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, најавија лидерите на владејачката коалиција и опозицијата.

На вториот круг од претседателските избори би се одржале парламентарните избори, а дали ќе се третираат како редовни или предвремени во однос на роковите зависи од датумот што ќе го договорат партиите на средба во декември.

Според премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во мај идната година има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Ковачевски најави дека на средба во Собранието во текот на декември ќе се дефинираат сите детали во однос на одржувањето на изборите. Во однос на техничката влада, Ковачевски рече дека таа е законска обврска.

Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, датумот за избори е предмет на консензус и треба да се финализира и да се прецизира. Партијата смета дека повеќе нема потреба од постоењето на техничка влада.

Мицкоски во интервју на Канал 5 додава дека во неа има повеќе опструкции отколку нешто коешто може да додаде вредност на процесот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе