Во организација на Туристичка организација Белград и туристичката агенција Аурора беше промовирана и презентирана туристичката понуда на Белград. Во рамките на оваа презентација се одржаа и средби на туристичката индустрија на Белград и Скопје.
Белград полека станува вистинска туристичка метропола, балканска туристичка метропола, граѓаните на Македонија, на Скопје се наши драги гости, пријатели во Белград. Со задоволство сме тука да ги потсетиме на тоа, со нас се 20 хотелиери од Белград, кои дојдоа да ги претстават своите хотели на колегите од туристичките агенции во Скопје. Сакаме да ја продолжиме добрата соработка, ќе ви кажам дека 30.000 граѓани на Северна Македонија оваа година престојуваа во хотелите во Белград и се надеваме дека ќе ги има и повеќе. Тоа е висока бројка во споредба со земјите од регионот, Белград годинава имаше над еден милион странски туристи, изјави Слободан Унковиќ, Туристичка организација Белград.
2027 нѐ очекува меѓународната специјализирана изложба EXPO и сега веќе и официјално можам да кажам дека е договорено и РС. Македонија ќе има свој штанд и ќе биде претставена на таа изложба на најдобар можен начин и тоа ќе биде уште една можност на светот заеднички да му се претставиме, забележа Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија .