Вести Македонија

проф. Данева: Директорите треба да ги именува ресорниот министер – ако не го бива директорот, не го бива и министерот – потребна е линиска одговорност

Огромен броја на Управни Одбори не се опфатени со овој закон, каде може да најдете луѓе без соодветно образование, па дури и без образование, вели во вечерашната Топ Тема проф. д-р Ана Павловска Данева од Правниот факултет “Јустинијан Први”.

  • Секаде во светот, делот од извршната власт се политички истомисленици на власта, тоа е неспорно и кај нас е така. Проблемот кај нас е што тие се непрофесионалци, не исполнуваат критериуми, немаат соодветно образование и искуство. Нас ни треба закон за избрани и именувани носители на јавни фунцкии, кои ќе бидат избрани од владата и од ресорните министри. Не треба да бегаме од фактот дека тие директори сносат политичка одговорност, но тие треба да бидат менаџери. Директорот на сите управи треба да биде избран од министерот ресорен, но тој директор треба да има минимум 8 години работно искуство, да има завршени соодветно високо образование, претходно да управувал и да докаже со процеси дека знае да менаџира, и тогаш може да е од која било партија. Ако тој директор не го бива, не го бива ниту министерот. Сега ние немаме одговорност, а потребна е линиска одговорност, на која инстистира ЕК, вели професор Данева.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе