Вести Македонија

Приведени 19 лица, тројца во бегство – дел од група осомничени за трговија со дрога и оружје

Во големата полициска акција во охридско струшкиот регион приведени се 19 лица, а тројца се во бегство, тие се дел од групата од 23 лица осомничени за трговија со дрога и оружје.

Според обвинителството во периодот од јануари до ноември годинава првоосомничениот заедно со уште тројца од групата посредувале и продавале дрога – кокаин, хашиш и марихуана. Дрогата ја набавувал од непознати лица во Албанија и ја пренесувал на тајна локација во струшко. Дел од дрогата која била наменета за брза продажба ја пренесувал во угостителски објекти во Струга, а останатата пакувана во мали количини ја продавале преку свои мрежи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе