Законот за административни службеници и законот за вработени во државен сектор се уште не е доставен до Собранието, иако минстерот за информатичко општество, Алиу најави дека ќе бидат доставени до почетокот на месецов, но тоа е не направено, за што има критики од ЕК.
Есма Адиловиќ Фазлиќ, советник на министерот за реформа на јавната администрација во МИОА во вечерашната Топ Тема објаснува дека ова е така затоа што на министерството му требало повеќе време за да ги срочи сите забелешки кои ги добиле по јавната расправа за законот.
Таа вели дека сега за разлика од претходонто решение кога членовиите на комсијата требало да ги бира Собранието, сега ќе бидат избирани од владата.
- Законот за административни службеници ќе воведе професионализација на високата државна служба и ќе биде еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети во институциите, со што ќе се подобри комуникацијата меѓу високите функционери и администрацијата. Ќе мора да ги исполнуваат критериумите за да бидат назначени. Не се доведува во прашање партиската припадност туку кандидатот ќе мора да помине низ постапка на селекција, и сите критериуми да ги исполни. Во Европа нема вакви закони…но се бараат одредени услови да се исполнат, вели Фазлиќ.