Вести Македонија

Општина Куманово поднесе кривична пријава за музејот во Сопот – адресирана е до организирана група од НН лица

Општина Куманово поднесе кривична пријава за музејот во Сопот. Пријавата е против организирана група непознати лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и кривично дело „бесправно градење“.

Од општината информираат дека организираната група, во подолг временски период заклучно со 6 ноември годинава, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште во Сопот, и на истата, покрај узурпација, изградиле објект со функција музеј – меморијален центар.

Кривичната пријава, заедно со сите обезбедени наводи и докази со кои општината располага, е поднесена до основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, основно јавно обвинителство Куманово и МВР – СВР Куманово, за нивно понатамошно поставување.

На почетокот на ноември, претседателот на ДУИ, Али Ахмети отвори меморијален комплекс во кумановското село Сопот. Таму беше изложена и карта на Голема Албанија. Претходно, премиерот Ковачевски рече дека музејот е на приватен имот и ја нарече нерелевантна. Додека, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека станува збор за шовинистички пораки што треба да се осудат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе