Вести Македонија

Спасовски го честита денот на албанската азбука

Министерот за внатрешни  работи, Оливер Спасовски на својот фб статус го честита денот на албанската азбука. Спасовски истакна дека Денот на албанската азбука е важен и голем празник за сите Албанци, како и тоа дека јазикот и писмото се клуч кон другите култури, традиции и духовни наследства.

Дозволете ми во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на албанската азбука, празник кој има голема важност за сите Албанци, како доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите заедници, традиции, култури и духовни наследства. На 22 ноември 1908 година во Битола заврши заседавањето на учесниците на Битолскиот конгрес, истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот, кои едногласно прифатија одлука за унифицирана албанска азбука. Параскеви Киријази, единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес и која подоцна го напиша првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден, потенцира Спасовски.

Укажувајќи на тоа дека албанското писмо пополека станува дел од семејството на рамноправните, модерно формирани европски писма.

-Впрочем, токму на тоа нè повикуваат и европските вредности, како наши вредности воспоставени со концептот Едно општество за сите – солидарност, соживот, меѓусебна почит. Нека е за многу години Денот на албанската азбука, пишува Спасовски на Фејсбук

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе