Вести Македонија Најважни

Ковачевски пред Столтенберг и ги броеше на опозицијата кочниците за НАТО и ЕУ

Во државата позната по доцнење, генералниот секретар на НАТО пристигна неколку минути порано, па во автомобилот го почека премиерот Ковачевски по што со химните и официјално почна посетата на Столтенберг, прва на генерален секретар на НАТО по зачленувањето на државата во Алијансата.

Вие не сте гостин, туку исто така домаќин во земја членка на НАТО, му порача Ковачевски кој на прес конференцијата ги посочи позитивните последици од зачленувањето во алијансата. Столтенберг пак рече дека државата е дел од НАТО чие членство го заслужила со своите политички одлуки пред и со воените активности после зачленувањето.

  • Би сакал да Ве честитам за смелоста, мудроста и храброста, што всушност Ви беше потребно за да станете полноправна членка на Алијансата. Преспанскиот договор не беше лесен., но беше добар за Северна Македонија, беше добар за целиот регион, а беше добар и за НАТО. Ова е за безбедноста, но исто така безбедноста помага промовирање на просперитет. Со стабилноста и просперитет, ќе има односно веќе има и повеќе инвестиции, има повеќе работни места, има повеќе странски директни инвестиции во Северна Македонија, рече првиот човек на НАТО.

Обраќањето пред Собранието, за Столтенберг е чест и признание за улогата што Северна Македонија ја игра во Алијансата, без да изнесе некои други конкретни намери со тој чин. Европските интеграции на државата ќе бидат комплетни со членство во ЕУ, а премиерот Ковачевски нагласи дека до декемврискиот самит, противниците треба да ги променат своите познати и стари ставови.

  • Доколку се надминат себеси на декемврискиот Самит ќе имаме одлука со која што Северна Македонија ќе ги отвори поглавјата за пристапување кон ЕУ. Доколку не се надминат себеси, тогаш ќе ја гледаме репризата на 11-те самити на НАТО, и на 11 Самити на ЕУ додека тие беа на власт, кога не се случуваше никаква одлука, ниту еден милиметар напред во евроинтеграциите. Ќе имаме ситуација во која што само Никола Груевски е заменет со Христијан Мицкоски, еден претседател заменет со друг со ист пристап во политиката“, оцени Ковачевски.

Во воениот дел соработката е одлична, а ризикот останува од исток и од Русија. Но, нивото на закани не е на високо ниво иако обиди за руско влијание има особено во некои земји од регионот.

  • Во моментот, ние не гледаме никаква воена закана од Русија кон било која земја сојузник или за било кој од регионот. Но, секако остануваме будни и набљудуваме одблиску што прави Русија. И остануваме обединети. Мора да го зголемиме присуството во регионот, со КФОР, со Штабот во Сараево и со нашата канцеларија во Белград и подготвени сме брзо да ги зацврстиме. И да направиме се што е потребно, за да го заштитиме секој сојузник од било каква закана, рече Столтенберг.
  • Ние и земјите членки на НАТО се бориме против руското влијание , но сите субјекти и политички чинители имаат обврска да придонесуваат за мирот и стабилноста. Секако дека постои руско влијание во регионот и секогаш се способни да пронајдат свои истомисленици во политички партии или поединци, но тие не се на приближно ниво со она што ние го поседуваме и нашите безбедносни служби, за да претставуваат некоја закана за нашата земја, истакна премиерот Ковачевски.

Столтенберг нагласи и дека државата постојано помага на Украина, а ктивно учествува како и во воените единици на источното крило на Алијансата. Една од активностите е и штотуку завршената обука која војниците на АРМ ја спроведоа со стотина припадници на украинската армија. Обуката на украинските војници е правена во области и потребите декларирани од страна на украинската војска и е дел од националниот ангажман на Македонија во согласност со актуелните политики на НАТО.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе