Македонија не станува, туку е земја на сиромашни долго време, смета Билјана Дуковска, од Македонска Платформа против сиромаштија. Таа во вечерашната Топ Тема, објаснува дека бројката од 21% на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштијата не звучи страшно, но кога ќе се каже дека станува збор за 450.000 луѓе, тогаш тоа е сериозна бројка.
- Дополнително не се само тоа луѓе кои ја живеат сиромаштијата, туку ги забораваме и луѓето кои се во ризик од неа, со некоја мала промена, како инвестиција во домот, куса болест, губење на работа краток период веќе стануваат дел од групата сиромашни граѓани и ова трае предолго, дури и оние кои ги нарекувавме средна класа, не се чувствуваат така затоа што заштедите брзо се потрошија, објаснува Дуковска.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.