Предлог-буџетот за 2024 година е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет.
Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Според опозицијата, Предлог-буџетот е напумпан и не носи развој, туку криминал и корупција. Оттаму оценија дека власта од 2018 година до денес потрошила 25 милијарди евра низ буџети, но не неправилна ништо ново.
Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и подмирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата. Според министерот за финансии, во Предлог-буџетот планирани се пари за повисоки пензии и плати во јавниот сектор, со исклучок на функционерските плати.
Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари или за 5,8 проценти повисока во однос на 2023 година, а приходите на 310,1 милјарда денари и се повисоки за 10 проценти. Буџетскиот дефицит е за околу 9,2 милјарди денари понизок во однос на 2023 година. Се очекува растот на економијата да биде 3,4 проценти,а стапката на инфлација е проектирана на 3,6 проценти.