Нова, втора, сообраќајна несреќа во близина на ОУ „Љубен Лапе“ во скопски Аеродом во само неколку денови. Во неа учествувале две возила – „Рено Меган“ кое, според фотографиите на социјалните мрежи, минало со помала штета, како и возило кое е превртено на покрив. Според првичните информации, нема повредени во сообраќајката.
Сообраќајката се случила во непосредна близина на СВР Скопје, на точка од недовршениот булевар „Васко Карангелески“ за која жителите на општината веќе подолго време предупредуваат дека е опасна од причина, како што велат, не е комплетиран со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од стравичната несреќа и се апелира за зголемена безбедност на улиците, но и внимателност на возачите, особено што денешната сообраќајка се случи во близина на училишен двор.
Екипи на МВР во моментот вршат увид на местото на несреќата, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.