ВМРО – ДПМНЕ информира дека заради генералниот штрајк во администрацијата на Јавното обвинителство не биле во можност да ги достават денеска документите до Јавното обвинителство за случајот „Диво месо“ на Онкологија.
„Јасна е интенцијата, до сега нема никаков предмет оформен од Јавното обвинителство, има само изјави за некакви активности, но всушност нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече на Онкологија“, рече Наум Стоилковски портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.
Инаку поминаа два месеца од случајот и 20 дена од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за скандалот „Диво месо“ на Онкологија.