Вести Македонија Топ вести

Вакцината против канцер би можела да биде готова за две години

Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна на пазарот за година до две, но доколку нема политички, државни и фармацветски опструкции вели во интервјуто за МИА, научникот и професор на штипскиот Факултет за медицински науки, Рубин Гулабоски, кој е меѓу топ два проценти највлијателните научници во светот според Стендфорд листата.

На оваа вакцина работат турски иселеници научници кои беа вклучени во дизајнирањето на вакцината Фајзер, а откако Германија го забрани испитувањето со глувци, сега се во Англија.

Гулабоски кој работи на полето на електрохемијата, забележува дека научниците врз основа на истражувањат, но и геополитичките случувања предвидуваат дека во наредниот период светот ќе се соочи неколку проблеми, а на врвот на листата се  сајбер безбедноста, криптовалутите и енергетските проблеми.

Забележува дека светските сили инвестираат во наука, само една лабараторија на германскиот Универзитет Гетинген, кој има најголем број на најпознати Нобеловци по глава на студент, а  каде што и тој е истражувач има десет до 15 пати повеќе пари, отколку македонскиот фонд за наука.

Според регистерот на македонските научници кои се надвор од државата, но и проценка на Гулабоски е дека на странските институти и Универзитети работат над 7.000 македонски научници, истражувачи, професори, за кои Гулабоски вели дека се вистински патриоти, бидејќи им помагаат на своите колеги во земјава преку опрема и проекти.

Во интервјуто за МИА вели дека меѓу топ професиите и понатаму ќе бидат ИТ секторот, медицината, а се очекува светот да има сериозен проблем поради недостаток на инжињерски кадар.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалничката позиција на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе