Вести Македонија Топ вести

Протест на родители на учениците од ООУ „Његош“ во скопско Јурумлери

Ако сака да го реши проблемот во основното училиште „Његош“ во Јурумлери, министерот за образование Јетон Шакири треба да помогне со изградба на ново училиште, порачаа од денешните протести родителите од ова скопско населено место, кои се противат на министерскиот обид за одземање на ингеренции на општина Гази баба за конкретното школо, што веќе резултира со разрешување на директорката.

Ние како иницијативен одбор на родители имаме две барања. Сакам да ги кажам јасно. Првото барање е запирање на постапката за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за училиштето Његош, а второто е изградба на ново училиште за сите ученици Mакедонци, Aлбанци, Tурци, Bосанци, Rоми и сите останати, изјави Марина Јанчев, од иницијативниот одбор на родители од ООУ „Његош“. 

Доколку министерот не се повлече, демонстрантите се заканија дека нема да ги пуштаат своите деца на школо. Проблемот почна со барањето за албански паралелки од 5-то до 9-то одделение бидејќи патуваа во други места за настава. Училиштето не можеше да ги исполни барањата правдајќи се со тоа што државата не гради нова и современа училишна зграда со простор за сите.

Но, министерот Шакири отвори постапка за да ги одземе ингеренциите на општината. Тој во телефонски разговор за Телма кажа дека не ја гледа потребата од ваков протест. Порача дека кога ќе се завршат сите записници и извештаи, ќе донесе одлука дали ќе се одземат ингеренциите.

За изградба на ново школо во Јурумлери, тој кажа дека е комлексен проблем, бидејќи е потребно  имотот да се префрли во сопственост на државата, па тогаш да започнат сите останати процедури, но најави дека за неколку години тоа ќе биде реализирано.

Од Гази Баба пак велат дека нема да дозволат да им бидат одземени ингеренциите, а градоначалникот кажа повеќе случаи кога со организиран бесплатен превоз се носат ученици од едно село во друго за да одат во повисоките одделенија.

Јавно сакам да посочам дека ниту една процедура, ниту една законска регулатива не е прекршена ниту од директорката ниту од општината.  Ние имавме средба со граѓаните и сите заедно се договоривме дека потребно ни е ново училиште во кое ќе учат и македонци и албанци и сите дечиња кои живеат во ова населено место, изјави градоначалникот стефковски.

Родителите го повикуваат и премерот Димитар Ковачевски да ги поддржи во исполнување на нивните барања.  Доколку надлежните немаат слух за нивните барања најавуваат радикализирање на протестите и бојкот на наставата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе