Вести Свет Топ вести

Израел ќе дозволи достава на ограничено количество гориво во Газа, откако вчера поради недостатокот запреа сите хуманитарни активности во појасот

Агенциите на Обединетите нации од вонредната седница на Генералното Собрание на светската организација го испратија досега најзначајниот повик за прекин на огнот во Газа и да се запре страдањето на Палестинските цивили.

Можете да го наречете како сакате, и секој ќе има различен збор за тоа, но условот, од хуманитарна гледна точка, е многу едноставен – да се запрат борбите за да им се дозволи на цивилите слободно движење. Да се направи на неопределен период за да се олесни хуманитарниот одговор, да им се даде на луѓето во Газа оддишка од ужасните работи на кои се подложени изминативе неколку недели, и безусловно ослободување на сите заложници, изјави мартин грифитс, Заменик Генерален секретар за хуманитарни прашања.

Реакцијата на Обединетите нации беше предизвикана откако вчера хуманитарните организации беа приморани да прекинат со својата работа во Газа, поради колабирањето на телекомуникациската мрежа во Појасот, предизвикано од хроничниот недостаток на гориво.

Овие постојани повици на глобалната заедница не смеат да бидат игнорирани и треба да бидат имплементирани веднаш. Мора да се прогласи прекин на огнот врз основа на хуманитарните и човековите права и да запрат борбите, не само за да се достави итно потребната храна и да се обезбеди значајна хуманитарна помош, туку и да се создаде простор за пронаоѓање излез од овој хорор, изјави високиот комесар за човекови права Волкер турк.

Поради тоа Израел соопшти дека од денеска па натаму, ќе дозволува влез на две цистерни гориво во Појасот на секој ден. Според нив, со оваа количина на гориво ќе се обезбеди функционирањето на телекомуникациите и работата на хуманитаните организации и брзата помош во Газа. Но, Обединетите нации сметаат дека треба да се направи многу повеќе.

Дехуманизирачката реторика во овој конфликт е загрижувачка, и потсетува на најлошите можни времиња во историјата. Масакрите на Хамас на 7 октомври беа ужасни, и ние жестоко ги осудуваме. Но, слушнавме изјави и од високи израелски фнкционери кои ги квалификуваат сите Палестинци како човечки животни, и им ветуваат уништување и пекол. Ваквиот јазик е исклучително опасен, рече натали букли, заменик генерален комесар на агенцијата за палестинските бегалци.

Координаторот во американскиот национален совет за безбедност порача дека ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, ќе резултира со огромно золемување на хуманитарната помош во Газа.

Ослободување на голем број од заложниците ќе резултира со значаен прекин на огнот. Значаен прекин на огнот, и огромен наплив на хуманитарна помош. Стотици и стотици камиони кои постојано ќе влегуваат во Газа преку Египет. И, морам да кажам, уште од првите денови Хамас тврди „Ако сакате да ги вратиме заложниците, потребна ни е повеќе хуманитарна помош“, рече Брет МекГурк.

Во меѓувреме, кризата околу најголемата болница во Појасот Газа, Ал Шифа продолжува. Денеска беа евакуирани најголемиот дел од пациентите, иако според министерството за здравство на Хамас тврди дека 120 пациенти се сѐ уште во болницата. Израел и Хамас излегоа со спротивставени тврдења и за тоа кој ја наредил евакуацијата. Хамас инсистира дека израелската армија ја спроведува евакуацијата, додека пак Израел тврди дека таа била побарана од директорот на болницата, а израелската армија само помага во нејзиното спроведување.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе