Вести Македонија Топ вести

УПОЗ на протест пред Влада-бараат функционерски плати

Со свирежи и натписи кредит за храна-сол на рана и што попрво со 20.000 денари Синдикатот на УПОЗ одржа протест пред Влада. Нивните барања се исплата на додатоци на плата и зголемување на платите за 78 проценти, исто како на функционерите. Разочарани се бидејќи не биле повикани за изготвување на буџетот и гневни што повторно нема пари за нив.

-Не знам дали претставниците на Владата односно функционерите се свесни дека тие се на функции бидејќи некој гласал за нив. Не знам дали знаат дека имаат обврска да преговараат со синдикатите за барањата на вработените, а не да се кријат, да не игнорираат и да покажуваат ароганција. Ако Владата нема слух за овие вработени изборите се ближат ќе покажеме и ние дека немаме никаков слух за нив, вели Трпе Дејаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ.

Претставниците на синдикатот на УПОЗ и владините преставници одржаа две средби досега, но тие завршија без решение. Синдикатот на УПОЗ правел обиди тие преговори да продолжат, но велат дека биле игнорирани.

-Не сме задоволни од начинот на кој бевме игнорирани и примени кај нив воопшто. Само општи разговори се водеа. Ако им беше целта само да се фотографираме тука во Влада и да покажат некој социјален дијалог-таа цел не им успеа, вели Изабела Илиева, претседателка на Синдикална организација при јавни обвинителства.

Од денеска вработените во скопските обвинителства секој ден ќе излегуваат на протест пред Владата, а на крајот на наредната недела синидикатот на УПОЗ ќе организира голем протест пред Собранието.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе