Вести Македонија Топ вести

Мизрахи обвинета за кршење на деловникот – своите заклучоци ги изнесе во презентација на седницата на Анкетната комисија за Онкологија

Спрегата Министерство за здравство и Онкологија функционирала со години во форма на реверси и без склучени договори за набавките.

Претседателката на Анкетната комисија за Онкологија, Мизрахи, обвинува дека клиниката драстично го пречекорила условниот буџет, без согласнот од ФЗОМ, а во целата таа шема прекршени биле 37 законски регулативи.

Сите овие наводи за противзаконска набавка на лекови се дел од презентацијата која претседателката на Анкетната комисија ја изложи пред пратениците.

„Во клиниката не се донесени медицински протоколи, упатства, насоки со кои ќе се воспостават правила и ќе се утврдат критериумите кои треба да ги исполнува пациентот за да прими биолошка терапија, ниту пак во оваа насока се носеле одлуки од страна на стручниот колегиум. За мене ова е целосен внатресистемски башибозук со докази. Вкупниот број коишто јас ги пронаоѓам по мое мислење се 37 законски регулативи прекршени во работењето на УК за радиотерапија и онкологија“ истакна претседателката на Анкетната комисија за Онкологија и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Пратеници од мнозинството ја обвинија Мизрахи за кршење на Деловникот и изнесување на личен осврт наместо Комисијата заедно да усвои заклучоци, по сведочењата и разгледувањето на документацијата поврзана со работата на Клиниката.

„Освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот од страна на ДПМНЕ, тие немаат друга намера. Се изведуваат невистини, инсинуации и клевети сѐ со една цел – создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите. Очигледно целта на ДПМНЕ не е правдата туку манипулацијата“ вели Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ и член на Анкетната комисија за Онкологија.

Членовите на Комисијата, пред неколку дена ги почнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата.

Се анализираат документите и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните месец дена.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе