Една недела по објавувaњето на европскиот извештај за напредокот на Македонија во 2023 година, власта и опозицијата ја задржуваат различната диоптрија. Едните се задоволни што нема уназадување во ниту една област. Другите потсетуваат дека за девет поглавја имаме нула напредок.
Евроамбасадорот Дејвид Гир им укажа на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања дека политичката поларизација во Собранието ги забавува потребните реформи и дека недоволно се спротивставуваме на корупцијата.