Државниот здравствен и санитарен инспекторат ги добил резултатите од ЦЈЗ на мострите земени од шест училишта на подрачјето на општина Карпош, каде 12 деца беа затруени од салмонела.
Од таму велат дека на анализираните мостри не е пронајдена бактеријата. Согласно анализите од денеска престанува да важи времената забраната за вршење на дејноста на кујните во 6-те скопски училишта и тие ќе бидат отворени.
Истрагата во училишните кујни беше извршена по пријавата за труење со салмонела. АХВ и ЦЈЗ земаа примероци за анализа од работните површини, и просториите каде се служи храната, но и од магацините на добавувачот на храната.
12 деца со лесна клиничка слика беа позитивни на салмонела откако јаделе во училишните кујни во шест различни училишта.
Се уште останува непознато од каде децата се затруја со салмонела.