Ова е Куќата на Абрахамовата фамилија –културен центар каде на едно место има и Синагога и Џамија и Црква . Место кое ги сплотува религиите .
Се наоѓа на Саидит островот непосредно до морето во делот наречен Центар на културата на Абу Даби а го симболизира соживотот заедништвото братвото. Плочата со потписи закачена на еден од ѕидовите сведочи на инспоирацијата за братсво. Документ кој го потпишале пред три години Папата Франициск во име на католичката црква и Ахмед Ел Тајеб во име на џамијата Ал Азхар во 2019 година во Абу Даби.
Овде верниците на едно место, а сепак секој одделно може да се моли но симболиката е што тие се среќаваат особено под покриената тераса каде можат да се запознаат и разговараат. Проект кој вусшност го носи името на Аврам, па за многумина симболизира и една религија односно Стариот завет признат и од Евреите , Христијаните и Муслиманите. Во време кога Светот се соочува со војни и заради верски причини овде пред сите три верски објекти можете да ги видите истите натписи кои ги спојуваат трите религии, а тоа се пораките за мир толеранција и љубов. Верниците можат да се помолат бидејќи овде има и свештеник и оџа и рабин. И покрај тоа што е центар на културата, сепак верските објекти се како и сите други, во црквата која личи на модерна катедрала има и место за крштевање . Самиот архитект Дејвид Аџаје вели дека тоа е објект кој ќе го надмине поимот хиерархиска разлика туку ќе преставува универзалност и тоталитет.
Секој посетител, па и јас може да напише на ѕидот некоја порака –а најбројни овој пат беа пораките за мир- да нема војни.
Овој дел на Абу Даби е наречен центар за Култура затоа што во непосредна близина е најголемиот музеј во арапскиот свет , наречен Лувр според истоимениот музеј во Париз. И двата објекта се наоѓаат на улицата Жак Ширак, а музејот преставува мост помеѓу Истокот и Западот. Во 2007-ма година Франција и Обединетите арапски Емирати потпишале договор, а Французите дозволиле музејот кој се простира над морето да го носи името Лувр до 2037 година. Ние го посетивме ноќе и можете да видите дека куполата светка како ѕвездено небо. Тоа била и намерата на архитектите а интересно е што овде не само што можете да ги видите уметничките слики туку луѓето доаѓаат со своите деца и семејства да уживаат во големиот парк покрај Лувр. Наспроти ѕвезденото небо на музејот светкаат светлата од облакодерите на модерниот Абу Даби, а градот никогаш не спие , овде се издигаат кранови и градби постојано –работите не престануваат се гради и дење и ноќе.
,, Овде во Абу Даби многу рано се спушта ноќта во овој дел од годината па јас и снимателот Игор Јанковски Лувр го посетивме ноќе и не можевме да влеземе во него. Но има време да го посетиме до 2037 до кога ќе го носи името.
Од Абу Даби за Телма Снежана Лупевска Созен