Вести Македонија

Десет просветни работници останале дома- МОН и ги одзеде ингеренциите на Општина Битола за едно училиште

Министерството за образование и ги одзеде ингеренциите на Општина Битола за едно училиште, а ќе бидат одземени и во други каде не е извршена трансформација на работниот однос на наставници кои ги исполнуваат условите, соопшти министерот Јетон Шаќири. Додаде дека станува збор за над 10 просветни работници кои се отпуштени дома, наместо да бидат вработени на неопределно време

  • Има просветни работници во Општина Битола кои работат подолго од 2, 3, 4, 5 години,  а за нив од Комисијата на Општината  се доставени предмети за трансформација на нивниот работен однос. Но, не знам од какви причини директорите на основните училишта, истите тие наставници кои ги имаат поминато сите потребни законски процедури за трансформација, веќе не се на работните места, рече министерот за образование Јетон Шаќири.

Министерот ја повика општината да го почитува Законот  за основно и средно образование.

  • Сите тие наставници кои беа досега на работа и ги исполнуваат критериумите за трансформација, да се вратат на работните места и да не се донесуваат одлуки со политичка позадина. Ако не се постапува јас ќе ги заштитам просветните работници и ќе ја одземам ингеренцијата на Општината, додаде Шаќири.

Од Општина Битола  велат дека одземена е ингеренцијата во едно училиште поради разрешување и именување на директори, а не поради трнасформација на работниото однос. Наведуваат дека на барање на МОН се прават анализи за бројот на ученици и паралелки во училиштата, за да се знае колку просветни работници се потребни.

  • Со цел да не дојде до создавање на технолошки вишоци, од страна на општината пристапено е кон спроведување на потребната анализа и целата документација е испратена до МОН. Со ова, Општината во делот на својата надлежност, комплетно ги има завршено своите обврски, додека давањето согласност за трансформација на работен однос и спроведувањето на процесот на оптимизација е дел кој треба да го усогласи и одлучи Министерството за образование и наука, се наведува во одгворот на Општина Битола.

На 1 септември по реакциите на некои родители Телма објави дека во некои училишта немаше учителка да ги пречека првачињата на првиот час, затоа што што на дел од наставниците им истекоа договорите за работа. Градоначалникот Коњановски тогаш рече дека трансформацијата на работниот однос се одвива без проблеми и ниту еден просветен работник нема да остане без работа.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе