Вести Македонија

(живо)Георгиев во Топ Тема: Носењето на измените на Кривичниот законик се влијание на политиката врз правосудството

Една од препораките на ЕК е Македонија да го подобри владеењето на правото, посебно во борбата со корупцијата, токму на оваа тема се дебатира во вечерашната Топ Тема на Телма.

-Извештајот на ЕК има многу елементи. Висока корупција, навремени проактивни истраги (на пр.: денеска да се тргне во истрага и да се открие на некого од каде му се парите) никогаш не сме дошле до одговорот од каде овој капитал. Се е пост фестум, откако новинарите ќе откријат нешто се тргнува со истрага, па предистрагите траат со години, со измените на КЗ покажавме дека нема спремност, вели Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешнл Македонија.

-Покрај сите слабости кои се рефлектираат врз ваквата оценка која ја доби Македонија со последниот извештај од ЕК, посебно е влијанието на политиката во носењето на одредени законски решенија, трговијата со влијанија. Токму носењето на измените на Кривичниот законик се влијание на политиката врз правосудството. Носењето на овие измени не само на случаите кои се во судска постапка, туку и на идните случаи, рече Владимир Георгиев – член на ДКСК.

-Ова е реална слика за нашето општество добивме годинава нула за разлика од минатата година кога имавме одреден напредок, дури немаме ни ограничен напредок што е дури единица. Ова ме потсетува на извештајот на ЕК за Македонија во 2015 година, кога исто така беше констатирано дека немаме напредок во борбата со корупцијата, ретрограден процес со кој се враќаме назад, вели Васко Маглешов – новинар.

Топ Тема е во тек можете да ја следите на линкот подолу…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе