Вести Македонија Топ вести

Желјасков верува во уставни измени до крајот на годината

Прво уставни измени, па почеток на пристапните преговори. Ваква порака упати претседателот на бугарското собрание Росен Желјасков по средбата со македонскиот колега Талат Џафери. Обајцата побараа прекин на говорот на омраза и европска интеграција на Македонија. Не беше даден простор за прашања поврзани со бугарското вето, со агитацијата меѓу етничките Македонци на пописот во Албанија или за други теми.

Бугарија ја поддржува европската интеграција на Македонија, но е непопустлива за внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Бугарскиот спикер Росен Желјасков посочи дека „државниците мислат на наредните генерации, а политичарите на наредните избори“. Ги повика политичарите во земјава да го следат мудриот и принципиелен став на неговиот домаќин Талат Џафери, кој ја потенцираше важноста на европската перспектива.

  • Веруваме дека разумот и политичката волја ќе надвладеат и дека уште оваа година ќе имаме можност да го поздравиме почетокот на преговорите со Европската комисија. За нас е исклучително важно Северна Македонија и Албанија заедно да се движат по тој пат. Разговаравме и за извршувањето на Договорот од 2017-та година. Одбележавме дека довербата што треба да ја градиме треба да се спротивставува на јазикот на омразата. А гаранција за тоа е активното почитување на правата на бугарската заедница. Уставните измени се дел од тој пат- Росен Желјасков, претседател на Народното Собрание на Бугарија.
  • Го информирав претседателот Желјасков дека во тек е завршување на фазата на скрининг на нашето законодавство а во процес сме и на промена на Уставот, за што ни е потребно обезбедување дво-третинско мнозинство. Во однос на билатералните односи, се согласивме дека мора да се промовира позитивна реторика која може да придонесе за градење меѓусебна доверба за да се постигнат резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните- Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМакедонија.

Ова е трета средба на претседателите на двете собранија. Помина без дополнителни одговори и објаснувања за собраниските резолуции, за пописот во Албанија, за пресудите од Стразбур, за говорот на омраза и слично.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе