Вести Македонија

(живо)Тасева: Потребна е поголема одговорност од сите учесници во судските процеси

„Има потреба од поголема одговорност од сите учесници во постапките во предметите кои ги отпочна поранешното СЈО. Многу често гледаме дека постои некаква спрега, некакво договарање во тоа како да се најде некаков начин како да се одлагаат предметите. Анализите велат дека причините некогаш се и во самите судови, бидејќи има промена на судиите, на пример, и тогаш случајот треба да почне од почеток или некој нема да биде донесен од притвор, а закажувањето на рочиштата е премногу долго време и тука не се успеа  да се воспостави подобра динамика“, вели Слаѓана Тасева – претседателка на Транспаренси Интернешнл Македонија, во вечерашната Топ Тема.

Таа истакна дека меѓу честите причини за одлагање на рочиштата е недоаѓање на самиот обвинител.

Новинарот Меглешов истакна дека кога побарал информација до каде е одреден предмет кој бил отворен во 2016, му било кажано дека се уште трае предистрагата.

Топ Тема е во тек можете да ја следите на линкот подолу…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе