Колегата од Абу Даби – Новинар Робот – за кој се прашуваме може ли во иднина да ни ја земе работата нам новинарите? Но сепак заклучокот е дека за добра новинарска сторија потребни се луѓе и емоциии.
На Глобалниот Конгрес за медиуми во Абу Даби има повеќе луѓе отколку роботи. Но, една од главните теми е употребата на вештачката интелигенција во медиумите. Па целата церемонија на отварање на Конгресот беше во тој знак.
Конгресот го отвори министерот за Толерација, Шеик Нахјан бин Мубарак, кој говореше за две клучни теми – Климатски промени и висока технологија во медиуми.
Сепак колку може да се користи вештачката интелигенција и каде. Она што загрижува е сепак употребата на АИ на социјалните медиуми, за тоа разговаравме со професорот од Лондон, Чарли Бекет.
Овде е преполно со штандови на медиуми од цел свет, големи екрани, технологија, воркшопи, работилници, едукативни центри..
Телма е единствен учесник од Македонија благодарение на тоа што сме единствена членка на Enex медиумската мрежа која овде е наш домаќин.
Од Абу Даби за Телма Снежана Лупевска Созен и снимателот Игор Јанковски