Вести Македонија Топ вести

Критикуваните во извештајот на ЕК ќе анализираат, пофалените бараат да бидат чуени

Судскиот совет чека Извештајот на Европската комисија да им биде преведен на македонски. Начелно го разгледале и спремаат свое видување, но оти тој реално ги детектира проблемите. Во Извештајот на Европската комисија се наведуваат низа забелешки за работата на Судскиот совет. Антикорупционерите велат дека и покрај тоа што нема напредок во борбата против корупцијата, Антикорупциската комисија има добра оценка дека си ја работела својата работа. 

Критикуваните ќе анализираат, пофалените во извештајот на Европската комисија задоволни.

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев вели дека чекаат да добијат превод од извештајот на македонски, иако начелно го разгледале.

„Имаме првичен извештај на англиски јазик, треба да го добиеме во македонска верзија. Во секој случај, го разгледувавме начелно овој извештај, спремаме наше видување. Можам да кажам дека генерално Извештајот е со детектираните реални проблеми во судството и во Судскиот совет и очекувам тоа да биде еден сигнал за преку евентуални измени на законот, односно со наше постапување за подобрување на целосната слика, повторно ќе истакнам, враќање на довербата во правосудството“, изјави Георгиев.

Во извештајот, Европската комисијата го оценува како контроверзно разрешувањето на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, посочувајќи дека ова тело треба да се спротивстави на секое надворешно влијание, да работи на транспарентноста и да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите. Се забележува на недоволно мерки за решавање на проблемот со недостиг откако ќе се пензионираат досегашните кадри.

Претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска вели дека во целиот извештај во кој се наведува дека нема напредок, оценката за нив е позитивна.

„Тие нè охрабруваат и понатаму да продолжиме да отвораме случаи за високи функционери, со тоа што нивната препорака е да се продолжи со зајакнување на капацитетите на Комисијата и со примена на препораките што ги дава Комисијата. Најголемиот проблем со којшто ние се соочуваме во нашиот петгодишен мандат беше тоа што институциите, одговорните лица или кој и да било назначен во нашите препораки, не ги применуваат препораките, не ги почитуваат иницијативите, и затоа и оценките се такви“, вели Ивановска.

Во извештајот се наведува дека корупцијата останува распространета во многу сфери и е прашање за загриженост, но оти Антикорупциската комисија продолжила да ја исполнува својата улога. Била проактивна, отворила неколку случаи, но тие треба да бидат продолжени. Се препорачуваат повеќе пари за Комисијата.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе