Се изгласаа субвенциите на ЈСП на денешната вонредна седница во град Скопје, а тоа значи дека ќе бидат исплатени плати на вработените во јавниот превоз.
Оваа точка неколку пати беше на дневен ред во претходните седници но, не беше изгласана од советниците на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека не им е доставен квартален извештај за работењето на ова претпријатие.
На почетокот на денешната седница директорот на ЈСП, Крсте Петревски побара од советниците да ја изгласаат оваа точка за да се исплати плата на вработените во претпријатието, во спротивно би можело да дојде до колапс на превозот во Скопје.
На седницата дојде до кавга помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на советот Трајко Славески, која го обвини дека фалсификувал потписи, а тој и најави дека ќе ја тужи за клевета.
Арсовска, по подолг период, се појави на седница на Советот на Скопје и остро ги нападна советиците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партиски лидер Христијан Мицкоски.
Симона Петровска