Вести Свет Топ вести

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон е новиот министер за надворешни

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон е нов министер за надворешни работи откако премиерот Риши Сунак денеска направи ненадејни промени во својот кабинет. Камерон беше премиер од 2012 до 2016, кога поднесе оставка по референдумот за брегзит, со кој Велика Британија излезе од Европската Унија.

Тој доаѓа на местото на Џејмс Клеверли, кој беше поставен за нов министер за внатрешни работи откако Сунак ја разреши Суела Брејверман.

„Иако бев надвор од високата политика во последните седум години, се надевам дека моето искуство ќе му биде од голема помош на премиерот. Можеби не се согласував со некои индивидуални одлуки на Сунак, но тој е силен и способен лидер“, изјави 57-годишниот Камерон.

Сунак одлучи да ја смени министерката Брејвермен по нејзината контроверзна колумна во „Тајмс“, во која ја критикуваше лондонската полиција, за која кажа дека ги толерира пропалестинските банди кога кршат закон. Таа притоа ги опиша демонстрантите кои повикуваат на примирје во Газа како носители на омраза. Спротивно на праксата, колумната претходно не била одобрена во канцеларијата на премиерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еврокомесарката Марта Кос пристигна да се увери во реформските чекори

Дејан Дејан

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

92-годишен маж прогласен за виновен за силување и убиство кое го извршил пред 58 години во Бристол

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе