Свет Топ вести

БОЛНИЦИТЕ ВО ГАЗА- ИЗВОР ЗА ШИРЕЊЕ НА БОЛЕСТИ

Како што се зголемува бројот на загинати и ранети во војната во Газа, се поголем е и притисокот врз болниците, кои се преполни, а условите за преживување речиси и ги нема. Докторите очајно се борат да спасат животи, но недостигаат лекови, чиста вода, но и струја. Како снемува гориво, така се гаснат и болничките оддели. На милост се оставени стотици пациенти на кои им е потребен кислород, меѓу нив и новите животи – бебињата кои се во инкубатори.

“Сета наша работа зависи од струја, сите овие машини кои ги гледате тука се потпираат на тоа. Кога ќе прекине струјата, овие уреди престануваат да работат, а сите бебиња ќе се соочат со смрт.“- вели д-р. Адас ал Навајха, специјалист за новороденчиња

Според Обединетите нации – 50,000 трудници во Газа немаат пристап до здравствена заштита. На кобниот 7-ми октомври се родени дури 5.500-тини деца.

Од тој ден, стресот е преголем за да се задржи здрава бременост. Докторите дневно породуваат по 180 жени, од нив половина се предвремени раѓања.

“Имаше бомбардирање во близина на нашата куќа, ни се заканија. Ноќта кога си заминав почувствував предвремени породилни болки. Ме одведоа во операциона сала, но немаше породилна процедура, немаше анестезија, таблети против болка. Фала му на Бода, денес моето дете е пуштено од интензивна нега. Родив близнаци, момчето го пуштија, додека пак девојчето се уште е на интензивна нега“- вели Шух Харара, мајка од Газа.

Но, мост до поголеми инфекции се и самите одговорни лица кои треба да се грижат за пациентите. Непристапот до личната хигиена важи и за нив. Големи се шансите и докторите да добијат некоја зараза.

Ситуацијата е загрижувачка за речиси 1,5 милиони раселени низ Газа, особено оние кои живеат во пренаселените засолништа. Тука нема никави хигиенски услови, се пие контаминирана вода, што дополнително го зголемува ризикот од инфекции, заразни болести. Светската здравствена организација веќе алармира дека се шират дијареии, бактериски инфекции, шуга, вошки и варичела.

Нема нормални тоалети. Ситуацијата е ужасна, здравствените услови се многу лоши, катастрофа. Ѓубрето и болестите ги погаѓаат децата.

Убиени и ранети повеќе од тоа што една болничка установа може да издржи. Според Министерството за здравство од 10,800 починати Палестинци- две третини од нив се жени и деца.

Единствените насмевки во оваа војна се предизвикани од погледите на малите бебешки лица кои не се свесни што се случува.

Скоро да нема каде да одиме. Моментално сме во болница, јадеме, пиеме и спиеме тука. Немаме каде на друго место. Се плашам за својата ќерка, исто како и секоја мајка во ризик во Појасот Газа. Нема безбедно место, нема место за живеење во мир. Во оваа војна нема иднина за децата од Газа. Сакам војната да се заврши и да живееме повторно во мир.– вели мајка од Газа, Хенд Шамалка

Желбата на оваа млада мајка е само апел до завојуваните страни – детските животи да не се третираат како оружје со полн шаржер кој треба да се испразни на војното поле.

Мила Тодоровска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

92-годишен маж прогласен за виновен за силување и убиство кое го извршил пред 58 години во Бристол

Дејан Дејан

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе