Вести

Телма дознава дека приватните превозници сè уште немаат добиено пари од ЈСП

Проблемите со долгот на приватните превозници повторно излегоа на површина. Според информации на Телма три месеци се без примања, ќе ја чекаат градската седница во вторник за која им е ветено дека советниците ќе ги изгласаат субвенциите на ЈСП и ќе им бидат исплатени заостанатите средства. Вторник ќе биде клучен ден и за приватните превозници и за ЈСП, ако се изгласаат 110 милиони денари ќе продолжат со работа , во спротивно може да дојде до колапс на целиот јавен превоз во градот Скопје, велат за Телма извори запознаени со состојбите. На 14ти ноември е закажана вонредна седница со една точка на дневен ред Одлука за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2023 година. Доколку советниците ја изгласаат оваа точка парите ќе им бидат префрлени наредниот ден и вработените во јавниот превоз ќе добијат плата. За колапсот во превозот и решавање на проблемот градоначалничката Арсовска најави дека градот ќе го добие новиот брз автобуски превоз кој речиси пред една година го ветуваше, иако првично беше против и тврдеше дека автобуското метро е проект на екс градоначалникот Шилегов и во нејзин мандат нема да го прави. Но го обвини Шилегов дека и го оставил проектот со пречки кои биле исправани цели две години.

Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно се што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град“ пишува во фејсбук статусот на град Скопје.

Со коментар за оваа најава на Арсовска се јави и поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

„Фрлањето прашина во „очи со отклонување на грешките на претходното раководство“, не го разбирам како ништо друго , освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост. Впрочем, 2 години сме сведоци дека незнаењето го кријат со пермаментен конфликт и караници со секого, вклучително и со сопствените директори. Загубените 2 години и парите кои како камати се платени во меѓувреме,за жал, повторно паѓаат на грбот на Скопјани“, пишува Петре Шилегов на својот фејсбук статус.

Судбината на градскиот превоз повторно останува во рацете на советниците на вонредната седница на град Скопје закажана за во вторник, откако претходно неколку пати коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не ја гласаше точката за субвенции на ЈСП со образложение дека побарале од раководството да им достави извештај за работењето на ова претпријатие а кое не им било доставено.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе